Настраданото семејство во сообраќајната незгода се враќало од Здравствен дом

Деталите околу страотната трагична сообраќајна несреќа во која животот го загубија две жени и едно четиримесечно бебе на магистралниот пат Хаџичи – Градац, откриваат дека станува збор за настрадано семејство кое се враќало од Здравствен дом.

Зад воланот била Адна Сердаревиќ – Дивовиќ (31 г.), нејзиниот четиримесечен син и нејзината мајка Сенада Сердаревиќ (57 г.). Тие со автомобилот „пежо“ во понеделникот вечерта влетаа дирекно под камион со миксер, по што од автомобилот остана згмечена лимарина. При направениот увид на лице место од надлежните служби констатирано е дека немало никакви траги на кочење од автомобилот.

Причините поради кои автомобилот преминал во спротивната насока на движење ќе бидат утврдувани во дополнителната истрага. За тоа како дошло до незгодата сослушан е и возачот на камионот  М.М. Оваа страотна глетка многу го вознемирила возачот на камионот кој раскажал дека се се случило молневито и дека на само десетина метри пред неговиот камион „пежото“ нагло излегло во правецот на камионот и завршило под истиот, по што морале да интервенираат две противпожарни екипи за да ги извадата настраданите со сечење на згмечениот автомобил.

За утре во општината Хаџичи е прогласен ден на жалост.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави