Вечерва во поткровјето во Јавна Соба се одржа првиот голем нетворкинг настан со музичка програма на кој што присуствуваа досегашни слушатели на обуките организирани од Академијата на Дата Мастерс како и учесниците.
Настанот дополнително ќе го означи и почетокот на најголемиот проект на Дата Мастерс Академијата, а тоа е почетокот на Академијата за Data Science.
-Со задоволство може да кажеме дека Data-Driven заедницата се шири, па затоа сакаме преку овој настан повторно сите да се собереме на едно место. Настанот обезбедува платформа за размена на идеи, формирање на бизнис конекции и бизнис можности, и запознавање на потенцијални бизнис партнери, велат од Дата Мастерс Академијата.