Најмалку пет лица загинаа денеска при пад на авион бомбардер од времето на Втората светска војна во близина на Меѓународниот аеродром Бредли, северно од Хартфорд, во американската држава Конектикат, соопштија властите.
Авионот Б-17 со четири мотори и на млазен погон, во кој биле 13 патници, се урнал и запалил при неуспешен обид за полетување, додека пилотот се обидувал повторно да го приземји.
– Авионот бил во воздух неколку минути, кога пилотот пријавил проблем со постигнувањето на висината, соопштија властите.
Авионот Б-17 на аеродромот беше изложен претходно оваа недела од групата за образование на Фондацијата Колингс.
Само неколку од овие авиони се технички способни да летаат. Тие се долги 23 метри, со распон на крилјата од 32 метри и се користени во секојдневното бомбардирање на Германија за време на Втората светска војна.
According to our pilot a plane crash on the runway in Hartford has closed the airport and has everyone scrambling. pic.twitter.com/khAGbq50z5
— Aaron Katzman (@aaron_katzman) October 2, 2019