Независниот полициски синдикат излезе на протести низ целата држава и во главниот град Скопје, кој беше блокиран од стотина автомобили. Полицајците бараат да им се врати достоинството со зголемување на ниските плати, да им се подобрат условите за работа..
Вработени во полицијата, шумската, судската и затворската со колони од автомобили го попречија одвивањето на сообраќајот на главните крстосници во Скопје, создавајќи општ хаос.
Главниот протест е пред Владата каде ги повторија нивните барања за колективни договори и зголемени плати за 25 отсто. Независниот синдикат на полиција им поставија ултиматум на властите од 15 дена да се произнесат за нивните барања, во спротивно, велат ќе продолжат со секојдневни протести и блокади низ цела Македонија.