Тинејџер во Австарлија уапсен бидејќи прегазил 20 кенгури

Австралиската полиција уапси 19-годишник под сомнение дека со својот автомобил прегазил повеќе од 20 кенгури, пренесува „Би-би-си“. Телата на мртвите животни, меѓу кои и младенчиња, биле пронајдени расфрлани низ улиците на градот Тур Бич, кој се наоѓа 540 километри јужно од Сиднеј.

Тинејџерот е уапсен и обвинет за мачење и суровост кон животните. Според новите австралиски закони, суровоста кон животните се казнува со казна затвор до пет години и со парична казна од 15.000 американски долари.

Спасувачите на дивиот свет кажаа дека тоа е трагедија и дека жителите ги пронашле мртвите животни на своите тревници кога се разбудиле наутро. Од организацијата Wildlife Information, Rescue and Education Service соопштија дека биле спасени три младенчиња.

 

Треба да знаете
Последни објави