Шкендија гостин на Динамо Киев во првиот меч од младинската ЛШ

Младинскиот фудбалски тим на Шкендија, денеска по вторпата ќе го претставува мак-фудбалот во елитното клупско натпреварување за оваа возрасна категорија, Лигата на шампионите. Шкендија ќе му гостува во првиот квалификациски натпревар на Динамо Киев на стадионот „Валери Лобановски“ (16 ч.).

Откако УЕФА го воведе ова натпреварување за помладите играчи во младинската ЛШ (шампионски пат), македонскиот фудбал го претставувале Вардар и Шкендија. Двете екипи ги завршија своите европски патешествија во првите мечеви. Вардар беше поразен од Салцбург, а Шкендија од Нитра.

Треба да знаете
Последни објави