Англиската пејачка Адел (31), откако се разведе од сопругот Сајмон Конецки (45), ја пронајде среќата во нова љубов, раперот Скепта (37), пренесува „Дејли мејл“.
Адел (31) и нејзиниот сопруг Сајмон решија во април да стават крај на нивниот брак, во кој го добија синот Ангел Аткинс. Нејзините обожаватели стравуваа дека пејачката ќе биде емотивно скршена и очекуваа многу срцепарателни балади, но се чини дека Адел страдаше кратко и најде утеха во нејзиниот почитуван колега.
„Адел и Скепта поминуваа многу време заедно откако се распаднаа нивните љубовни врски. Во меѓувреме, тие се врзаа меѓусебно и споделуваат многу заеднички интереси. Тие поминуваат се повеќе време заедно и сите пријатели претпоставуваат дека ќе бидат одлична двојка“, вели анонимен извор за „Сан“.
Сепак, фановите на популарната пејачка се изненадени од оваа комбинација.
Адел и Скепта порано зборуваа еден за друг со голема љубов и почит, а честопати се спомнуваа и на социјалните мрежи. Тоа не изненади никого, имајќи предвид дека тие одамна биле блиски пријатели. Па така, пред неколку години, Скепта откри дека Адел го известувала за секоја ситница во животот.