Драма пред седиштето на Европската комисија – маж се заканувал дека ќе се запали

Маж кој извикувал обвиненија за корупција во ЕУ, се полил со течност и се заканувал дека ќе се запали пред седиштето на Европската комисија во Брисел.

Краткиот протест пред канцелариите на Европската комисија, завршил кога пожарникарите го измиле демонстрантот, а полицијата ја запленила течноста што тој ја имал кај него, пренесе агенцијата АП.

По терористичките напади во 2016 година во Брисел, безбедноста околу седиштето на ЕУ е зголемена, пренесува „Спутник“.

https://twitter.com/AlexRPigman/status/1179336505275359232

Хрватски „Индекс“ повикувајќи се на изјави од очевидци пренесува дека човекот бил Хрват кој велел дека им е лут на Србите. Сепак, засега нема официјални информации дали приведениот навистина е Хрват.

Треба да знаете
Последни објави