Роналдо ниже рекорди во ЛШ

Италјанскиот фудбалски првак Јувентус без проблеми го совлада Баер Леверкузен (3-0) во 2. коло од Лигата на шампионите, пред своите гледачи. Овој натпревар нема да се памети по победата на „старата дама“ туку по тоа што еден од најдобрите играчи на денешницата Португалецот Кристијано Роналдо постави нови историски рекорди во елитното европско клупско натпреварување. Португалецот девет години мина во Реал со кого четири пати ја освои титулата.

Против Баер, Роналдо го урна рекордот на шпанскиот голман Икер Касиљас со остварени победи во ЛШ. Легендарниот голман има 101 триумф, а Португалецот стигна до 102 победи. Покрај овој рекорд Роналдо со постигнатиот гол против Леверкузен го изедначи рекодот на Раул, запишувајќи се во листата на стрелците против 33 различни тимови во ова натпреаврување. И во ова достигнување Роналдо ќе има можноста да избие сам на врвот.

Заедно со Лионел Меси и Раул,  напаѓачот на Јувентус е играчот кој во 14 сезони по ред постигнува барем еден гол во ЛШ.

Треба да знаете
Последни објави