Тетовец баран за шверц на дрога спроведен во затвор

На 01.10.2019 околу 21.30 часот во тетовското село Горно Седларце, со судска наредба бил приведен В.Ш.(36) од селото, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. В.Ш. бил предаден во Казнено-поправната установа „Тетово“ за издржување на затворската казна.

Од МВР велат дека вчера во 4 часот на Граничен премин „Табановце’’ од слобода бил лишен Ж.Б.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Ж.Б. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави