Бајден до Трамп: Нема да ме уништиш

Неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го опиша Џо Бајден како ладнокрвен и нечесен, фаворитот за демократски претседателски кандидат на изборите во 2020 година му порача на претседателот дека нема да го „уништи“.

„Сакам да му разјаснам на Трамп, на неговите луѓе во сенка и на сите кои имаат посебен интерес во финансирањето на нападот врз мене. Не одам никаде. Нема да ме уништите и нема да го уништите моето семејство“ рекол Бајден.

„Не ме интересира колку пари ќе потрошите или колку валкани ќе станат нападите“ порача Бајден, кој води во истражувањето на јавното мислење меѓу 19 демократи, кои се натпреваруваат за партиска номинација, за да му се спротивстават на Трамп на претседателските избори следната година.

Неговиот одговор следи по низата твитови на Трамп, во кои ја осуди истрагата за отповикување, која се води против него, поради телефонскиот разговор со украинскиот претседател, кога го повикал да го истражи Бајден и неговиот син Хантер, кој работеше во Управата за украинска енергетска компанија додека Бајден беше американски потпретседател.

Демократите го обвинија Трамп за вршење притисок над Украина поради сопствена политичка корист.

Треба да знаете
Последни објави