Ван Дајк: Знаевме дека Салцбург е незгоден тим

Дефанзивецот на  англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул, Вирџил ван Дајк, по победа над Салцбург во 2. коло од Лигата на шампионите (4:3), истакна дека проблемите кои им ги создаде противникот не биле случајно.

– Салцбург е одличен и незгоден тим, го знаевме тоа пред натпреварот. Им подаривме гол во првото полувреме и со тоа само ја засиливме нивната самодоверба. Наскоро, Салцбург го постигна вториот гол, а потоа стигна и до изедначување. Со противнападите ни создадоа многу проблеми, истакна Ван Дајк.

По две кола во Е групата од Лигата на шампионите, Ливерпул и Салцбург имаат освоено по три бода и се веднаш зад лидерот Наполи кој има четири. Последен е Генк со само еден бод.

Треба да знаете
Последни објави