Еден рудар загина, а 16 се повредени откако потрес го погоди рудникот за јаглен Билзовице во јужна Полска, јави полската државна новинска агенција ПАП.
Портпаролот на рудникот изјави дека на еден тешко повреден рудар му била потребна реанимација, додека останатите имаат полесни повреди.
Споменатиот рудар наскоро починал.
ПАП пишува дека земјотресот имал со јачина од 3 степени според Рихтер.
Сите рудари биле извлечени од зоната на опасност, откри портпаролот, но не е познато дали се извлечени и од самиот рудник.
Во јули тројца рудари загинаа по земјотрес во рудник во Катовице, што е најсмртоносен рударски инцидент во Полска годинава.
Земјата сè уште најголем дел од електричната енергија ja добива од јаглен, но неговото производство во последниве години опаѓа, како резултат на пониските инвестиции и кратењето на трошоците.
Минатата година во рударски несреќи во Полска загинале 21 рудар, покажува официјалната статистика.