Елези на средба со шефицата на Канцеларијата на ММФ за ЗБ

 Заменик-министерката за финансии Ширет Елези оствари средба со шефицата на новата Канцеларија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Западен Балкан Стефани Ебле, во насока на добрата соработка и партнерството што земјава го има со Фондот.
На средбата, како што стои во информцијата од Министерството за финансии,  дискутирани се состојбите во економијата, како и реформите и мерките што Владата ги презема во насока на решавање на клучните предизвици. Исто така е разговарано и за техничката помош која Фондот и ја дава на земјата, од аспект на консултативни услуги за институциите.

Елези посочи дека макроекономската состојба е стабилна, исто како и дека проекцијата за раст годинава е ревидирана од 3,2 отсто на 3,5 отсто.

Заменик-министерката рече дека Министерството за финансии презема мерки за намалување на сивата економија. Таа ја посочи мерката МојДДВ со која на граѓаните им се враќа 15 отсто од наплатениот ДДВ и рече дека истата веќе дава резултати, бидејќи наплатата на ДДВ е зголемена. Како друга мерка заменик-министерката го посочи законскиот лимит за готовинско плаќање.

Дискутирано е и за проценката на управувањето со јавните инвестиции, која ќе почне да се спроведува заедно со ММФ од следната година,  како една од алатките за подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавните инвестиции.

Треба да знаете
Последни објави