Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска ќе со одржи меѓународната конференција на тема „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам”.
На конференцијата ќе се обратат премиерот Зоран Заев, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Како што информира владината прес-служба, на конференцијата ќе зборуваат и амбасадорот Клеменс Која, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, амбасадорот Ламберто Заниер и шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. Амбасадор Самуел Жбогар.