Општинската организаиција на Црвен крст на Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денеска ја спроведе седмата по ред крводарителска акција за годинава.
-Екипата на Институтот беше сместена во просториите на фабриката „Кнауф”. Денешната акција може да се оцени како успешна бидејќи собрани се 27 крвни едници а десеттина лица и покрај желбата да ја даруваат дргоцената течност, главно поради висок крвен притсок беа вратени, вели Исни Телќиу секретар на дебарскиот Црвен крст.
Според него, од досега спроведените седум крводартелски акции, шест се во Дебар додека една во Центар Жупа, додека до крајот на годинава планирани се уште две, од кои една во дебарската гимназија, чии ученици се и најбројни крводарители меѓу младите.
Телќиу додава дека во изминатиот период од годинава, вклучително денеска, се собрани над 500 крвни единици, што, според него, е над 70 отсто од годишниот план.
Во Дебар години наназад годишниот план за крводарување целосно се исполнува, а многу често се прибираат во просек и до 20 отсто повеќе крвни едници од планираните.