Павлески на маалска средба во Чучер Сандево: Државата тргна на прав пат, ги решаваме проблемите на граѓаните и обезбедуваме подобар живот за сите

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, Дејан Павлески, пoпладнево учествуваше на маалска средба во населено место Побожје во Општина Чучер Сандево.

Павлески на маалската средба го истакна новиот концепт на СДСМ преку кој, како што доликува на модерна, европска партија која ги решава проблемите на граѓаните и државните прашања, членовите и функционерите на СДСМ се меѓу граѓаните постојано, а не само пред или за време на избори.

СДСМ продолжува со креирање и имплементација на мерки кои обезедуваат подобри услови и подобар живот за граѓаните, како и повеќе пари во секој семеен буџет. Минималната плата порасна од 9.000 на 12.500 денари, просечната плата порасна за 2.000 денари, државата тргна на прав пат и граѓаните можат да го препознаат тоа – порача Павлески.

Павлески се осврна и  на спроведените реформи и исполнети ветувања на Владата предводена од СДСМ кои обезбедуваат подобар живо за сите граѓани.

Државата тргна на прав пат и враќање нема да има. Се работи интензивно на подобрување на условите на сите граѓаните, без разлика од кој регион, град или населено место. Се решаваат децениски проблеми кои ги мачеа граѓаните. Обезбедуваме квалитетни јавни услуги за сите граѓани, современи училишта, детски градинки, регионални и локални патишта, здрава вода за пиење, канализации, собирање и депонирање на отпад, отстранување на дивите депонии, заштита на животната средина, поттикнување на претприемништвото и нови вработувања на целата територија на државата – заклучи Павлески.

СДСМ останува помеѓу граѓаните. Веќе во сабота, на 5ти октомври, во Штип ќе се одржи првата трибина од караванот „На прав пат” .

Треба да знаете
Последни објави