Рускиот Истражен комитет и РТ покренуваат проект за злосторствата во Донбас

Рускиот Истражен комитет и телевизијата РТ ќе покренат заеднички проект за злосторствата на украинските војници против цивилите на југоистокот од Украина.

„Истражниот комитет на Руската Федерација и РТ почнуваат заеднички мултимедијален проект чија цел е да раскаже за злосторствата против цивилното население што ги извршиле украинските војници во текот на вооружениот судир на југоистокот од Украина“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на комитетот.

Истражниот комитет наведува дека за пет години, бројот на покренати кривични постапки поради примена на забранети средства и методи на војување се зголемил на 300. Во рамките на истрагата биле испитани повеќе од 143.000 сведоци, а повеќе од 20.000 од нив, од кои 2.000 деца, се покажале како жртви.

Освен тоа, покренати се повеќе од 280 кривични постапки против претставници на украинските сили. На одговорност се повикуваат 76 луѓе, вклучувајќи 20 офицери од командата на вооружените сили на Украина.

За да се истражат кривичните дела поврзани со употреба на забранети средства и методи на војување, формиран е специјализиран главен оддел за истраги во Истражниот комитет на Русија. Ниту еден факт од злосторничкото однесување на украинската војска кон цивилното население нема да се игнорира од истражителите на оваа единица.Задачата на комитетот е да собере цврста основа со докази, бележејќи го секој кривичен факт.

„На веб-страницата на проектот, телевизијата РТ исто така ќе објавува авторски истраги за злосторствата над цивилното население и приказни на непоредните сведоци на овие брутални злосторства“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави