Иако се збратимени српскиот шампион Црвена звезда и грчкиот Олимпијакос, по нивната меѓусебна пресметка во 2. коло од Б групата во фудбалската Лига на шампионите, која во Белград ја добија домаќините со резултаски пресврт во вториот дел (3:1), се огласија медиумите од кај јужниот сосед со обвинение дека српско-француска спрега им го скроила поразот. Според грчките медиуми
Олимпијакос кој на полувремето имаше предност (0:1) бил поразен токму од ваквата коалиција.
Грчката „Газета“ тврди дека имале и докази оти постои заговор. Србите и
Французите се во коалиција кој почнала пред речиси една година, на 16 октомври, кога во Лигата на
нации играле Франција и Германија.
Тогаш српскиот интеранционален фудбалски судија со знакот на ФИФА Милорад Мажиќ делел правда на тој натпревар и во 84 минута покажал на белата точка за Франција. Со прецизно изведениот пенал „триколорите“ ја обезбедиле победата. „Газета“ пишува дека селекторот на
Германија, Јоаким Лев по мечот обвинил дека Мажиќ имал договор со Французите.
Понатаму се наведува дека „услугата“ била вратена летово, кога францускиот судија
Руки Бук му помогнал на Партизан да се пласираат во плеј-офот во Лига Европа.
Според нив Бук не судел пенал за Молде против Партизан.
На сето тоа грчките медиуми го надоврзуваат и судењето на Беон Бастилјен кој во вторникот на
„Маракана“ во Белград делеше правда. Според нив Бастилјен престрого му
покажал два жолти картони на Јасин Бензија, а не го исклучил капитенот на Црвена
звезда, Марко Марин со што кумувал на поразот.