Јунајтед не шутна на голот на АЗ Алкмар, Солскјер задоволен од играта

Манчестер Јунајтед ремизираше без голови на гостувањето кај Аз Алкмар во Лига Европа и влезе во катастрофална серија на гостувањата каква што не се памети цели 30 години на „Олд Трафорд“.

За прв пат во својата историја во Лига Европа (25 меча), Манчестер јунајтед не упати ниту еден шут во рамките од противничкиот гол, но Оле Гунар Солскјер  успеа да пронајде позитивни страни во прескромното издание кое го имаше неговиот тим на гостувањето во Холандија.

-Ова е добар бод надвор од дома против тежок противник на тежок терен. Тие го победија Феенорд со 3-0 во минатото коло. Ние направивме неколку промени и многу сум задоволен од тоа како одигравме. Се разбира требаше да победиме, но не ни досудија чист пенал врз Маркус Рашфорд, изјави  Солскјер.

Треба да знаете
Последни објави