Боки 13: Пресечен ми е нерв од желудникот и можам да умрам

Бојан Јовановски на денешната седница  во судот во своја одбрана истакна дека останува на својот исказ. Побара од судот да биде пуштен бидејќи наведе дека два пати неуспепно е опериран и неговата состојба е животни загрозувачка.
– Условите таму каде што сум се такви какви што се. Во овие 81 ден сум немал соодветен медицински преглед. Еден нерв од желудникот ми е пресечен и затоа ја одвраќам храната. Имам утврдено четири дијагнози за лумбалниот дел кој треба соодветно да се прегледа. Во многуте упатствија од лекарот за терапија, условите каде што сум не го задоволуваат тоа –  нагласи Јовановски, велејќи дека во оваа постапка тој треба да е жив и здрав, а не починат.
Тој побара од Советот да го земе во предвид и моментот кога бил уапсен, односно одел на уплатен летен одмор, а не избегал.
– Јас живеам да ја докажам вистината во овој случај, со сите факти и докази да учествувам во постапката – рече Јовановски.Тој го замоли Судечкиот совет да му го уважи неговото барање.
Треба да знаете
Последни објави