Заев и СДСМ се на прав пат само кога станува збор за лично богатење преку ограбување на државата и граѓаните, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакција на најавата од владејачката партија дека започнуваат со карван трибини насловени на „На прав пат“.
„Патот по кој Заев ја води Македонија е пат на мизерија, иселување, крах на економијата, политизирано судство и неправда. Поради погрешните политики на СДСМ, 1.000 граѓани во само еден ден го напуштиле Делчево и заминале да работат во Италија. Даноците се покачени, акцизата поголема, придонесите зголемени, тоа само ги цеди граѓаните, а го полни буџетот, за да може Зоран Заев партиски да ја полни администрацијата“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во неа се додава дека СДСМ е на прав пат за заминување во опозиција.
„Потребно е оваа власт да си замине час поскоро. Потребни се предвремени парламентарни избори“, сметаат од опозициската партија од каде порачуваат дека доаѓа време за обнова на Македонија.