Доделени сертификати за Халал стандард на неколку компании

Проценките на Министерството за економија за важноста на поседувањето на Халал сертификатот покажуваат дека овој стандард е многу важен за стопанствениците и производителите во Северна Македонија и затоа се субвенционира од државата, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши кој заедно со поглаварот на ИВЗ на Северна Македонија Сулејман Реџепи денеска доделија Халал сертификати на неколку компании.

-Министерството за еконимија направи неколку анализи каде утврдивме дека проценката на пазарот на глобално ниво кое се однесува на барањето на овој сертификат надминува над 800 милијарди долари, додека на европско ниво над 65 милијарди долари. Ова е важно за економијата, производителите и стопанствениците во Северна Македонија со цел да можат да добијат нови пазари, а со тоа да го зголемат извозот на нашата држава, рече Бектеши.

Тој потсети дека од оваа година и угостителско-хотелиерските објекти можат да добијат ваков сертификат за да можат да имаат гости од земјите каде што се спроведуваат вакви стандарди.

Директор на Агенцијата за Халал стандард при ИВЗ Мухамер Весели појасни дека  Халал стандардот се однесува на целокупната прехранбена индистрија, како што се месото, млекото, млечните производи, кондиторската индустрија, медот делови на хемиската индустрија, фармација и козметика, кожарската индустрија, производството на вода за пиење, банкарството, градежнистворто и др.

Халал, рече тој, подразбира дополнителна сигурност во прехранбената инустрија дека се здрави и квалитетни и оти не содржат канцерогени елементи, штетни бои, ароми, адитиви и емулгатори кои се забранети со исламските прописи, што подразбира дополнителна сигурност за здртавјето на човекот.

Треба да знаете
Последни објави