Тренерот на Интер, Антонио Конте, по поразот од Барселона во 2. коло од фудбалската Лига на шампионите (1:2), истакна дека неговиот тим заслужила повеќе.
-Мислам дека заслужуваме повеќе. Во поголемиот дел од натпреварот и содававме проблеми на Барселона. Во второто полувреме нашите фудбалери малку се уморија, бидејќи имаат неколку натпревари во кус период. Но, убеден сум дека сепак не заслуживме да бидеме поразени, вели Конте.
Тешко ми е да најдам позитивни моменти по поразите, затоа што многу сум загрижен за неуспесите. Еден добар тим никогаш не се враќа дома радосен по загубен меч, дури и по така одлично издание, додаде италијанскиот тренер.
Интер е во незавидна положба во Ф-групата од ЛШ и по две кола има само еден бод.