Интегрирање и взаемно почитување на сите граѓани во општеството без разлика на нивната етничка, верска, јазична, културна припадност и овозможување еднакви и правични можности за сите, е целта на Нацрт-стратегијата за развој на едно општество за сите и интеркултурализмот, која денеска е предмет на дискусија на меѓународната конференција на тема „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам”.
Конференцијата се одржува во Министерството за надворешни работи, а во дискусијата учествуваат премиерот Зоран Заев, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Ламберто Заниер и шефот на делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар.
Од дискусијата, во која се вклучени и експерти, пратеници, универзитетски професори ќе произлезе конечна ревизија и заокружување на процесот за конечно донесување на Стратегијата. Премиерот Заев во своето обраќање нагласи дека Владата соработувала со повеќе чинители и граѓани за да го зајакне дијалогот на раличните заедници со цел создавање едно општество за сите, во кое секој ќе се чувствува како еднаков член.
– Ја скениравме нацрт-верзијата на Националната стратегедија, внесувајќи ги во неа сите конструктруктивни забелешки за интегрирање на етничките, верските, културните, јазичните разлики, рече Заев.
Истакна дека со меѓународниот фактор, но и граѓанскиот сектор се гради еден сеопфатен докуемнт за унапредување на една од клучните карактеристики на нашата земја – унапредување на етничките, културните и сите други различности.
-Оваа стратегија е исцрпување на една од главните карактеристики по кои не препознаваат во регионот, во Европа, но и ширум светот. Владата заедно со граѓаните посветено го гради концетот за развој на еднакво и праведно општество за сите, рече Заев.
Додаде дека досега докажавме дека можеме да бидеме модел за успешно и функционално општество за сите.
Порача да се негува ралзичноста и да живееме заедно почитувајќи ги различните јазици, културни, етникуми.
-Да ги научиме нашите поколенија дека солидарноста, толерантноста, недискриминацијата се една од клучните придобивки за да одиме напред, рече премиерот.
Шефот на дипломатијата Димитров потсети дека во политичката криза во 2015/16 година на своја кожа граѓаните почуствувале и виделе дека негативните случувања во општеството негативно се одразуваат врз секого.
– Видовме и почувствувавме на своја кожа дека сите сме во ист брод и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми дека кога нема правда не ни оди добро, кога владее корупција сите сме оштетени, кога не ни оди економијата сите сме оштетени. Колку повеќе се обединиме на овие вредности, толку посилна ќе ни биде нацијата, рече Димитров.
Нагласи дека земјата е пред полноправно членство во НАТО, а извесна е и одлуката за почеток на преговори со ЕУ овој месец.
-Унапредувањето на кохезивноста на нашето општество подеднакво достапно за сите е еден од главните индикатори за успешната македонска приказна која сите сакаме да ја изградиме, рече Димитров.
Амбасадорот Која истакна дека со овој концепт и преку оваа стратегија се се надградува Охридскиот рамковен договор, со неа се промовира заедничко живеење во мир и напредок се отвора можноста за сите да учествуваат во јавниот живот.
-Да ги премостиме разликите и да ги продлабочиме интеграциските процеси. Се надеваме дека откако стратегијата ќе се усвои ќе доведе до поперспективни и стабилни заедници во Северна Македонија, нагласи Која.
Заниер, пак, истакна дека оваа стратегија е инспирација во денешниот свет во кој има многу примери на поделени општества.
-Ставот на Парламентот и на Владата само покажува дека стојат зад принципот, кој ние во ОБСЕ, но и ОН сакаме да го протуркаме како стратегија за создавање на едно општество за сите. Верувам дека успешно ќе ја примените оваа стратегија и ќе обезбедите стабилна иднина за сите членови на општеството без разлика на етничката припадност, рече Заниер.
Со стратегијата, додаде тој, се промовира интеграцијата на мултиетничките општества и се спречува една етничка заедница да се оддалечи од другите.
Нагласи дека треба да се негува и користењето на мајчиниот јазик, но и да се промовира знаењето на на јазикот на другите етнички заедници. Додаде дека сите држави, кои го прифаќаат мултилингвизмот имаат поголема стабилност и рече дека треба да се најдат политички решенија за овие прашања.
Евроамбасадорот Жбогар нагласи дека токму ваквиот концепт го трасира патот на едно стабилно општество.
-Нема успешно општество без исполнети и реализирани луѓе, граѓаните не можат да дадат придонес ако сметаат дека нивното достоинство, етничките и културните специфики не се почитуваат, рече Жбогар. Додаде дека оваа стратегија ја има поддршката на ЕУ и додаде дека „Обединети во диверзитетот” е еден од најпознатите слогани на Унијата.