Плејмејкерот Марјан Младеновиќ, од денеска е нов член на Гостивар. Тој беше играч на АВ Охрид, но откако клубот остана без спонзорот и објави дека ќе се повлече од настап во првата лига, одлучи да си замине.
Младеновиќ во минатата сезона го носеше дресот на Блокотехна, има играно и за уште неколку прволигашки екипи. Тој со брзината и асистенциите кои му се главни карактеристики во изминатите години, се наметна како еден од подобрите плејмејкери во лигата, и ќе биде добра принова за гостиварци.
Популарниот Фока има 32 години, и со него, растат шансите на Гостивар за место во суперлигата, а можеби и во плејофот.