Напаѓачот на шпанскиот фудбалски првак Барселона, Лионел Меси, по победата над Интер во натпреварот од 2. коло во групната фаза на Лигата на шампионите (2:1), призна дека му било напорно да го одигра цел натпревар.
Аргентинецот за прв пат по подолго време одигра цел меч откако на двапати имаше проблеми со повреди од стартот на сезоната.
– Уморен сум, но мило ми е што за прв пат оваа сезона успеав да ги одиграм 90. минути. Ми недостасува ритамот во играта, но се радувам на нашата победа. Моравме да победиме на овој натпревар, имаме тешка група. Задачата е да го освоиме првото место, но Интер не е лесно да се победи. Тие скоро не оставаат слободни зони помеѓу линиите, вели Меси