Министерката за финансии најави одлагање на оданочувањето на штедните влогови

Министерката за финансии Нина Ангеловска најави одложување на оданочувањето на капиталните добивки на компаниите, како и на штедните влогови во банките што ги имаат граѓаните што требаше да стартуваат од 1 јануари 2020 година.

Според промените кои се планираа да се воведат, значеше дека граѓаните ќе треба да плаќаат данок од 15 отсто за дивидентите, данок за заштедите кои ги чуваат во банка ако годишните камати надминат 15 илјади денари, а претходно ги бранеше екс-министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Ги разгледуваме можностите и ќе бидете благовремено информирани за точните одлуки. Меѓутоа, сега можам да ви кажам дека има волја, особено со оглед не само со поддршка на пазарот на капитал, туку и како поддршка на ефективноста на имплементација на воведувањето. Значи, начинот на кој ќе се пресметува, начинот на кој ќе се даночи, бидејќи како што имам кажано во неколку наврати, разговараме за воспоставување на еден ефикасен и ефективен систем – изјави министерката која беше дел од конференцијата „Erste Investors Breakfast“.

Треба да знаете
Последни објави