Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжува да работи одговорно, домаќински и во интерес на граѓаните. Преку новиот концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје, преполните контејнери со отпад и непријатна миризба се веќе минато.
Со набавката на новите 540 контејнери со капацитет од 3200 литри, што е за три пати поголем од досегашните, ќе се заменат над 1800 од вкупно 4500 стари контејнери.
Паралелно со тоа, градот набави 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери.
Овие возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот што значително ќе го забрза и поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град.
Набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2200 литри за селектирање на отпад.
Град Скопје набави и 950 нови канти за џебен отпад што преставува зголемување за една половина од досегашните 1750 канти, од кои 100 канти се прилагодени за отпадоци од домашни миленици.
Овие канти заедно со новите 12 електрични машини за вакумско чистење и новите 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини го зголемуваат техничкиот потенцијал и претставуваат можност заеднички да се грижиме за хигиената на јавниот простор во нашиот град.
Возилата за миење и чистење се технолошки најсовремени машини на електричен погон кои воопшто не го загадуваат воздухот се наменети за одржување на хигиената на јавните простори, пред се шеталиштата, тротоарите и вело патеките.
Граѓаните заслужуваат чиста и здрава животна средина, во таа насока се и вложувањата на локалната и централната власт предводени од СДСМ кои во континуитет продолжуваат со инвестирање во човечки и технолошки ресурси за таа намена.
За нас зборот важи!