За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која парите ги трошеше на споменици и барокни фасади од стиропор, СДСМ обезбедува средства за подобрување животниот стандард на граѓаните и за подобрување на условите за работа во јавниот сектор. СДСМ го зголеми буџетот за одбраната за 15 насто, платите на вработените во одбраната се зголемени за 10 насто и целосно се исплаќаат 24 часовните дежурства, а за припадниците на АРМ се обезбедени 7.200 пара чизми.
Ги зголемивме платите на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, а се обновуваат полициските униформи и опремата. Комплетни униформи веќе добија Единицата за специјални задачи, потоа воздухопловниот персонал, како и Одделот за обезбедување на личности и објекти, а во тек е комплетирање на униформите за Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка. Со средства од буџетот на МВР се санирани и реновирани повеќе од 33 објекти.
ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести, а СДСМ ги покачи платите на вработените во јавниот сектор за 5 насто, обезбеди финансиска поддршка за 12 илјади стечајци, ја зголеми минималната и просечната плата, неселективно ги исплаќа субвенциите за земјоделците.