Српскиот актер Горан Јевтиќ (41), кој беше осуден на десет месеци домашен затвор поради обљуба на малолетно лице, со конечната одлука на судот, казната нема да ја отслужи во својот дом, туку во затвор.
Актерот ја обжали пресудата според која казната мораше да ја отслужи дома, но, Вишиот суд во Сомбор одлучи казната да биде иста, но дека треба да ја отслужи зад решетки, пренесуваат белградските медиуми.
Пресудата е преиначена по оцена на второстепениот суд дека на тој начин ќе се постигне целта на казнувањето.
Освен затворската казна, на актерот му е забранета комуникација со оштетениот малолетник.
Јевтиќ е осуден затоа што во јуни 2014 година извршил кривично дело недозволиви полови дејствија над Л.К. кој во тој момент имал 16 години. Според обвинението, актерот го принудил малолетникот на орален секс во тоалет во Народниот театар во Сомбор за време на забава кјоја се одржувала во вечерните часови, по манифестацијата Театарски маратон.