Станковски има адути за да се помине квалификацискиот турнир во Полска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години, Горан Станковски верува дека неговите избраници имаат квалитет да остварат добри резултати против силните противници на претстојниот турнир кој ќе се одржува во Полска, за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство.

– Групата во која се наоѓаме е исклучително силна. Белгија и Полска се фаворити, но тоа не значи дека ќе се предадеме однапред. Напротив, напорно работевме во изминатите седум месеци, сметам дека имаме свои адути и ќе се обидеме на секој начин доколку ни се укаже шанса да ја искористиме. Позитивни сме, иако двајца фудбалери поради повреда нема да бидат со нас, сепак мислам дека направивме добра анализа и мораме да бидеме оптимисти во пресрет на турнирот, изјави Станковски.

Македонската репрезентација отвора против домаќинот на турнирот, Полска на 9. октомври во Торун, на 12. октомври игра со Белгија, додека три дена подоцна квалификацискиот турнир го затвора со Лихтенштајн.

Треба да знаете
Последни објави