Иследниците испитуваат дали уривањето на мостот во североисточен Тајван, при што загинаа шест лица, е резултат на структурна грешка во изградбата, пренесува АП.
Централната новинска агенција на Тајван (ЦНА) соопшти дека уште во извештајот од 2016 година за мостовите во регионот Јилан се вели дека се забележани структурни проблеми во однос на адаптацијата кон температурните промени на мостот Нанфангано, кој е завршен во 1998 година и се урна во вторникот.
Експертите исто така ја испитуваат состојбата на челичните кабли, вклучувајќи го и степенот на корозија.