Административен работник во полициската станица во Париз, кој со нож уби четворица колеги пред да биде застелан од полицијата, неодамна го прифатил исламот како своја вероисповед, објави телевизјата БФМ.
„Напаѓачот на возраст од 45-години убил тројца полицајци и вработена во администрацијата, по што беше застрелан од полицаец“, соопшти парискиот обвинител.
Тој додаде дека домот на напаѓачот бил претресен и дека анти-терористички обвинители ја проценуваат ситуацијата, пренесе „Ројтерс“.
Обвинителот не кажа кој би бил можниот мотив на напаѓачот.
Напаѓачот бил вработен во полициската администрација, а нападот се случил по расправија во дворот на полициската станица, изјавија полициски извори за француските медиуми.
Извори од француската полиција соопштија дека напаѓачот изгубил контрола и почнал со нож да ги боде полицајците кои се наоѓале околу него.
„Еден од колегите го уби лицето одговорно за нападот“, изјави за БФМ шефот на локалната полиција, Лоик Травер.
Нападот се случил во полициска станица во близина на катедралата Нотр Дам, при што на местото на настанот дојдоа и претседателот Емануел Макрон и премиерот Едуард Филип.
Метро станицата во близина на нападнатата полициска станица е затворена од безбедносни причини, а областа е оградена со полициски ленти.