Туристите ќе плаќаат по 1.000 долари за да ги видат змејовите на Комодо

Индонезиските власти одлучија да не го затворат островот Комодо за туристите од следната година, но ќе воведат такса за посета од 1.000 американски долари.

Како што беше претходно најавено, индонезиските власти објавија дека за една година ќе ги затворат Комодо и другите соседни острови кои се дел од националниот парк за да го заштитат видот гуштери – комодо змејови.

Минатата година Комодо го посетиле 176.000 туристи, јавува „Би-би-си“.

Туристите досега  плаќаа  околу 10 долари за билетот, а сега се најавува дека островот ќе се претвори во ексклузивна дестинација за која ќе се воведе систем на членарина од 1.000 американски долари.

Комодо змејовите или вараните, како што уште се нарекуваат, се најголемите гуштери на светот, а нивното каснување е отровно.

Треба да знаете
Последни објави