СДСМ продолжува да реализира конкретни мерки кои обезбедуваат подобри услови и подобар живот за сите граѓани. Исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови на рецепт.
Граѓаните ќе можат да го подигнат соодветниот лек во која било аптека, кој било ден од месецот.
Оваа мерка директно влијае да се намалат турканиците и паниката на граѓаните кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец, а воедно ги зголемува контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување. Го враќаме достоинството на здравствените работници и ја зголемуваме грижата за пациентите.
Се унапредува целокупниот здраствен систем како и условите во болниците. Како одговорна партија, СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што го унапредуваат здравствениот систем и грижата за сите граѓани.