Холифилд на 57 години ќе се врати во рингот

Американскиот боксер, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ивандер Холифилд, планира да одржи ревијален меч во Јапонија во 2020 година. Сега тој има 56 години, а веќе на 19 октомври ќе наполни 57 години.

Точното место на натпреварот и противникот сè уште не се познати. Како што рече самиот Хелфилд во интервју за „ТМЗ”, тој се согласил на борбата не за пари, туку за добротворни цели.

– Главната работа е да им се даде на луѓето во Јапонија можност да го видат единствениот четирикратен светски шампион во тешка категорија, рече Американецот.

Холифилд ја одржа својата последна борба во професионалниот ринг во 2011 година против Брајан Нилсен. Победи со технички нокаут во 10. рунда.

Треба да знаете
Последни објави