Македонската фудбалска репрезентација во октомврискиот квалификациски двомеч ја очекуваат два натпревари од групата за ЕП-2020, со Словенија на 10 октомври во Скопје и три дена подоцна на гости со Полска. За овие дуели македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме повика 23 кандидати. На списокот нема големи рокади. Повратник е Кристијан Тошевски од Вардар и Стефан Ристовски од Спортинг, кој беше надвор од стројот и минатата недела почна да тренира со полна пареа. На списокот се најде и повредениот Енис Барди, но не и Дарко Велковски.
Егзон Бејтулаи ќе биде со репрезентативците, но поради картони нема да конкуриа за место во тимот на дуелот со Словенија. Ангеловски ќе може да смета на неговите услуги за вториот дуел со Полска. Од претходниот собир ќе недостасува и Кире Маркоски.
–Нема големи рокади во списокот. Се враќаат Тошевски и Стефан Ристовски. Бејтулаи нема право на настап на првиот меч со Словенија. Барди е повреден, но се надеваме дека ќе се опорави. Уживаме во тоа што сме во ситуација да се бориме за висок пласман во групата. Најважно е да продолжиме со добрите игри и да оствариме победа. Можеме тоа да го сториме пред нашите гледачи- порача Ангеловски, селекторот на македонската селекција по објавениот список со своите избраници.
Од исходите на дуелите со Словенија и Полска многу ќе зависи каков пласман ќе има Македонија во квалифиакциската група за ЕП-2020.
Собирот за македонската репрезентаивци е закажан за 7 октомври во Скопје.




