Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заменик директорот Авдул Селам Селами и градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука, направија увид во градежните активности на општинскиот пат за поврзување на селата Бањиште, Хаме и Крифци со регионалниот пат Р-409, кој води до граниниот премин кон Албанија. Станува збор за рекнструкција на пат во должина од 7 километри, кој го поврзува Дебар со селата Бањиште, Хаме и Крифци.
Проектот е финансиран преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно обезбедени се близу 11,5 милиони денари. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, истакна дека со овој проект кој се реализира преку Програмата за рурален развој, жителите на овие населени места ќе добијат подобра инфраструктура и подобруи услови за развој на домашниот туризам.
„Овој пат го поврзува овој регион и со граничниот премин кон Албанија. Преку овој проект со вкупна вредност од 11,5 милиони денари заедно со Владата на Република Северна Македонија и општината овозможуваме развој на туризмот но и на овој регион во државава. Овој проект е добра поддршка за развој на бањски туризам кој функционира во Дебар очекуваме дека преку подобрена инфраструктура ќе влијаеме да се зголеми и бројот на посетители во овдешните капацитети.“- истакна Бабовски.
Бабовски истакна дека преку средствата од Програмата за рурален развој, се овозможува на локалното население поквалитетни услови за живот.
„Освен овој проект општината Дебар има одобрено и 6,5 милиони денари за реконструкција на улици во населени рурални средини вклучително и атмосферска канализација. Вкупната вредност на двата проекти е над 18 милиони денари. Општината Дебар трба да плати само данок на додаден авредност на проекто. “ – истакна Селами.
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, се заблагодари за финансирањето на двата проекти и рече дека на овој начин се подобруваат условите за живот во овие населени места.
„Како што ветивме, така постепено и остваруваме. Во нашата работа преоритет ставивме на изградба на квалитетна инфраструктура. На овој начин преку овие проекти овозможуваме поволни услови за туристите кои доаѓаат овде но исто така овозможуваме и да се развива и расте бизнис заедницата која функционира овде во Дебар. – истакна градоначалникот Дука.
Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија поточно од Програмата за рурален развој. Со помош на овие средства се овозмува рамномерен развој на целата држава.