Белгиската полиција не би можела да се справи со нов терористички напад

Белгиската полиција не би можела да се справи со нов терористички напад, е заклучокот изнесен во последниот извештај на самата федерална полиција на Белгија, а поднесен до пратениците.

Извештајот е изработен од Советот на федералната полиција на Белгија и вклучува експерти, судии, општински совети и полициски началници.

-Немаме резерви на луѓе, а законот е премногу ригиден за да се префрлаат луѓе од еден столб на друг. Секој пат кога се има критичен настан полицијата се бори да преживее, да не ги ни споменувам терористичките напади кои се многу специфични и бараат целосен напор, изјави Вили Бругеман од Советот на федералната полиција.

Брисел се соочи со терористички напад на 22 март 2016, организиран од џихадисти, меѓу кои некои пребегнати од атентатите во Париз во ноември 2015-та. Еден од нив, Салах Абдеслам, со месеци се криеше во неколку бриселски општини. Абдеслам беше уапсен четири дена пред атентатите во метро станица и на аеродромот во Брисел.

Треба да знаете
Последни објави