(Видео) Шахпаска: Трето зголемување на платите во здравството, а второ во армијата и образованито

На денешната собраниска седница, на предлог на парламнетарното мнозинство беше изгласан Законот за исплата на платите, со што се овозможува исплата на септемвриската плата со ветеното покачување од пет проценти, информира праеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска.

„Со оваа мерка, зголемена плата за 5 проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната, вработените во администрацијата и целиот јавен сектор“, посочи таа.

Како што рече, ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата, образованито и детските градинки.

Шахпаска кажа дека мерките за подобрување на животниот стандард ги опфаќаат и вработените во приватниот сектор.

„Во таа насока е и мерката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, за која со ребалансот на Буџетот за 2019 година се обезбедени 400 милиони денари“, објасни пратеничката и додаде дека СДСМ е целосно посветена на подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Треба да знаете
Последни објави