„Доцнат платите во МВР и армијата. Наши војници во Германија се пратени со скинати униформи. Полицијата дома кубури со опрема. Власта е инертна и не презема ништо.
Хаос е во целата администрација, а вработените се соочени со неизвесност заради неспособноста и незаинтересираноста на Зоран Заев и неговите функционери.
Докторите, војската и полициските службеници одат со стари и искинати униформи.
Книги за учениците нема, иако учебната година е почната уште пред еден месец.
Власта троши на се, само за граѓаните не.
Нема пари за соодветно зголемување на пензиите. Полицијата протестира и блокира, а земјоделците протестираат и го фрлаат својот род.
Во Македонија владее хаос и незадоволство.
Само Зоран Заев е среќен бидејќи неговото семејно богатство и богатството на неговите соработници континуирано расте.
Македонија не може да продолжи да ги трпи неправдите. Потребни се предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ. Доаѓа време за обнова на Македонија.“