Во финалето на 110 метри со пречки на СП во Доха изненади Американецот Грент Холовеј, победувајќи со време од 13.10 пред Русинот (под неутрално знаме), Сергеј Шубенков.
Ова беше прва голема титула за Американецот, кој го искористи киксот на големиот фаворит, актуелниот шампион Омар Меклеод. Јамајчанецот имаше одличен старт, но потоа турна две пречки и на крајот заврши како последен. Тој падна во патеката на шампионот од „Дијамантската лига“, Шпанецот Орландо Ортега, кој мораше да го оттурне и на крајот заврши како петти со 13.30. Меклеод потоа беше дисквалификуван, но тоа беше мала утеха за Ортега, кој сигурно ќе стигнеше до медал.
In his first #WorldAthleticsChamps outing, 🇺🇸 @Flaamingoo_ wins 110m hurdles 🥇 in 13.10. pic.twitter.com/pwtIoEVyGG
— World Athletics (@WorldAthletics) October 2, 2019