Министерката за финансии Нина Ангеловска најави одложување на оданочувањето на капиталните добивки на компаниите, како и на штедните влогови во банките што ги имаат граѓаните што требаше да стартуваат од 1 јануари 2020 година.
– Ги разгледуваме можностите и ќе бидете благовремено информирани за точните одлуки. Меѓутоа, сега можам да ви кажам дека има волја, особено со оглед не само со поддршка на пазарот на капитал, туку и како поддршка на ефективноста на имплементација на воведувањето. Значи, начинот на кој ќе се пресметува, начинот на кој ќе се даночи, бидејќи како што имам кажано во неколку наврати, разговараме за воспоставување на еден ефикасен и ефективен систем – изјави министерката која беше дел од конференцијата „Erste Investors Breakfast“.