Национален залог е да се елиминираат новите верзии на нацизмот, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на посетата на Музејот на жртвите на нацизмот во Дистомо, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис истакнал дека првата битка е добиена од моментот кога грчкиот народ одлучи Златна зора да не влезе во Парламентот на изборите во јули годинава.