Покетино не добива отказ, бидејќи Тотенхем ќе треба да му плати 32 милиони фунти

Англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем лошо ја почна сезонава, а тренерот Маурицио Покетино не добива отказ. Тотенхем беше понижен во Лондон од Баерн претрпувајќи го  највисокиот пораз (2-7) во својата историја, во рамките од 2.коло на групната фаза во Лигата на шампиони. И ова не беше доволно Покетино да биде сменет.

По овој срамен пораз на последниот финалист во елитното клупско натпреварување  сите очекуваа дека аргентинскиот старатег Покетино ќе  добие шут-карт, но тоа не се случи. Причината е едноставна, парите кои би ги добил Покетино од Тотенхем за предвремен раскина на договорот, откриваат англиските медиуми.

Доколку Тотенхем се одлучи да му се заблагодари на Покетино ќе треба и да му испалти 32 милиони фунти. Првиот човек на клубот од Лондон, Даниел Леви е познат како скржав, па поради тоа ќе му го прости поразот и ќе го остави на клупата.

Треба да знаете
Последни објави