Индонезиските власти одлучија да не го затворат островот Комодо за туристите од следната година, но ќе воведат такса за посета од 1.000 американски долари.
Како што беше претходно најавено, индонезиските власти објавија дека за една година ќе ги затворат Комодо и другите соседни острови кои се дел од националниот парк за да го заштитат видот гуштери – комодо змејови.
Минатата година Комодо го посетиле 176.000 туристи, јавува „Би-би-си“.
Туристите досега плаќаа околу 10 долари за билетот, а сега се најавува дека островот ќе се претвори во ексклузивна дестинација за која ќе се воведе систем на членарина од 1.000 американски долари.
Комодо змејовите или вараните, како што уште се нарекуваат, се најголемите гуштери на светот, а нивното каснување е отровно.