Филипче: Заврши првата фаза од тендерот за изградба на новиот клинички центар

Заврши првата фаза од тендeрот за изградба на новиот клинички центaр во Скопје, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека се пријавиле определен број потенцијални партнери понудувачи и сега се прави нивна евалуација.

– По завршувањето на евалуацијата најверојатно во текот на следните две недели ќе почне втората фаза, а тоа е дијалогот. Колку ќе трае дијалогот зависи од тоа со колку понудувачи ќе се разговара, по што ќе следи и официјалното објавување на тендерската постапка, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по презентирањето на проект во рамки на кој од денеска 15 волонтери-водичи кои ги ангажира Црвениот крст ќе им помагаат на пациентите полесно да се снајдат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.

Треба да знаете
Последни објави