Манчестер Јунајтед ремизираше без голови на гостувањето кај Аз Алкмар во Лига Европа и влезе во катастрофална серија на гостувањата каква што не се памети цели 30 години на „Олд Трафорд“.
За прв пат во својата историја во Лига Европа (25 меча), Манчестер јунајтед не упати ниту еден шут во рамките од противничкиот гол, но Оле Гунар Солскјер успеа да пронајде позитивни страни во прескромното издание кое го имаше неговиот тим на гостувањето во Холандија.
-Ова е добар бод надвор од дома против тежок противник на тежок терен. Тие го победија Феенорд со 3-0 во минатото коло. Ние направивме неколку промени и многу сум задоволен од тоа како одигравме. Се разбира требаше да победиме, но не ни досудија чист пенал врз Маркус Рашфорд, изјави Солскјер.
10 – Manchester United have failed to win any of their last 10 away matches across all competitions (D4 L6) – they last went on a longer winless run on the road between February and September 1989 (run of 11). Worrying. pic.twitter.com/doznd0WEp9
— OptaJoe (@OptaJoe) October 3, 2019