Барак и Мишел Обама на годишнината од нивниот брак објавија досега невидени фотографии

Барак и Мишел Обама ја прославија 27-годишнината од својот брак. Тие се венчаа на 3 октомври 1992 година, а заради љубовта и поддршката што си ја даваат секојдневно, тие се пример за многумина.

Обајцата објавија на социјалните мрежи досега невидени фотографии со љубовни пораки. На фотографијата на Обама, двајцата гушнати, заљубено го гледаат зајдисонцето во Танзанија. Поранешниот претседател го цитираше стихот од песната „Getting Better“: „Како што рекоа Битлси, оди на подобро цело време. Благодарам, душо, за 27-те неверојатни години!”

Еден час подоцна, поранешната прва дама на Америка објави честитка на својот профил на Твитер. На фотографијата, таа и сопругот се насмевнуваат на тремот во Марта Винјард, нивното омилено место за одмор.

„Пред 27 години, овој човек ми вети живот полн со авантури. Јас би рекла дека успеа. Ова е за нашето ново поглавје откако децата излегоа од дома и откривање на она што следува, додека сè уште ја чувствуваме магијата што нè спојува сите овие години. Среќна годишнина, Барак!“

Треба да знаете
Последни објави